|
 |
|
 |
Курсеви во Италија |
 |
Курсеви во Фиренца и на островот Елба
Веќе девет години по ред организираме летни интензивни
курсеви во градот на ренесансата, Фиренца. Училиштето со
кое што соработуваме
Centro Fiorenza,
се наоѓа во строгиот центар на градот, а за сите оние
што претпочитаат студиски престој на море со комбинација
на летен одмор исто така нуди курсеви и на островот
Елба.
Првиот ден пред започнувањето на наставата се врши
тестирање на учениците со што се распоредуваат во
соодветниот степен. Вкупно има осум степени. Наставата
се одржува секој ден во две смени. Претпладне од 9 до 13
часот, а попладне од 14 до 18 часот. После часовите
времето е организирано со прошетки во градот или низ
регионот Тоскана како Сиена, Арецо, Лука, Фјезоле, Сан
Џимињано, Пиза итн., а се организираат и заеднички
дружења со студенти од целиот свет. Викендите се исто
така исполнети со еднодневни едукативни екскурзии во
различни градови како Перуџа, Вијареџо, Венеција,
Болоња, Ферара, Урбино, Сан Марино итн.
За сите заинтересирани училиштето организира и курсеви
за италијанската кујна, историја на уметноста,
италијанска литература, опера, музика и многу други.
Аузонија по пат на
тестирање, секоја учебна година на најдобрите ученици им
доделува две стипендии во училиштето
Centro Fiorenza.
Нешто за градот
Фиренца е главен град на регионот Тоскана, кој во
средниот век претставувал познат светски центар на
уметноста, архитектурата и литературата. За тоа сведочат
големиот број палати, музеи, цркви, плоштади, уметнички
галерии и споменици. Градот Фиренца дал големи имиња во
сликарството како Чимабуе, Џото, Брунелески, Донатело,
Мазачо, Филипо Липи, Ботичели, а од овде потекнуваат и
Леонардо и Микеланџело.
Денес Фиренца е активен трговски центар на бизнисот и
банкарството, познат по производството на кожа и
текстил, како и центар на модниот дизајн.
|
|
 |
|