контакт    каде се наоѓаме   за нас

На почеток
Курсеви
Уписи
Стипендии
Екскурзии
Курсеви во Италија
Меѓународен испит - CILS
Тестирај се

Курсеви








Нудиме различни видови на курсеви за сите возрасти и степени, за деца од 4 годишна возраст, за средношколци, студенти и возрасни.

Курсевите за возрасни се стандардни курсеви кои се одржуваат во 7 семестри, двапати во неделата по 90 минути. Се користи оригинална литература од Италија, покрај книгите наставата е збогатена и со дополнителен испечатен, аудио и визуелен материјал кој им се презентира на слушателите. Многу често во текот на учебната година, на наша покана, предавања држат и професори и други гости од Италија.
Групите се состојат најмалку од 5, а најмногу до 12 слушатели.

Предучилишните детски курсеви се изведуваат во 4 семестри, детските во 8, додека училишните во 9 семестри.

Покрај стандардните курсеви нудиме и
:
- интензивни летни курсеви
- курсеви за комуникација
- курсеви за италијанската култура
- индивидуални курсеви
- курсеви за правници, лекари, архитекти
- деловен курс
- македонски за странци
- и било какви други специјализирани курсеви што се од интерес на нашите слушатели

На крајот на секој семестар сите слушатели полагаат завршен тест, писмен и устен, и се стекнуваат со уверение за завршен степен.

Организираме подготовителни курсеви за студентите по италијанистика, подготвителни курсеви
за полагање на меѓународно признатиот испит по италијански јазик CILS.

Покрај курсевите во Аузонија, секое лето во месец јули организираме групни едномесечни курсеви во Фиренца. Во рамките на овој престој, се организираат повеќе еднодневни екскурзии во Фиренца и низ Италија.

Аузонија во соработка со италијански училишта и центри во Италија, организира посетување на различни видови курсеви во текот на летниот период, како и за време целата учебна година.

Copyright © 2007 www.auzonija.com.mk