За нашите ученици училиштето организира едукативни
екскурзии во Италија.
Во
февруари 2004 за време на карневалот, за нашите ученици
организиравме кратка екскурзија низ регионот Венето.
Имавме можност да го видиме фамозниот венецијански
карневал и да бидеме дел од таа прекрасна атмосфера.
Посетивме и многу други познати и помалку познати
градови низ овој регион како Венеција, Падова, Верона,
Тревизо, Виченца, Маростика, Басано ...