контакт    каде се наоѓаме   за нас

На почеток
Курсеви
Уписи
Стипендии
Екскурзии
Курсеви во Италија
Меѓународен испит - CILS
Тестирај се

Меѓународен испит - CILS
Училиштето Аузонија е овластен центар за подготовка и полагање на меѓународниот испит за познавање на италијанскиот јазик CILS Certificazione di italiano come lingua straniera.




ШТО Е CILS?

CILS – Сертификат за познавање на италијанскиот јазик како странски – е официјална титула според која се одредува степенот на познавање на италијанскиот како странски јазик. Сертификатот се издава од Универзитетот за странци во Сиена и е признаен врз основа на Спогодба со Министерството за надворешни работи на Италија.

Испитот се одржува два пати годишно во јуни и декември, во однапред утврдени датуми.

НИВОА НА ИСПИТОТ

Јазичните нивоа на испитот CILS се стандардизирани според Општата европска јазична рамка (Common European Framework of Reference for Languages). Поделени се во шест нивоа: А1, А2,
UNO B1, DUE B2, TRE C1, QUATTRO C2. Секое ниво означува соодветна јазична подготвеност.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ ИСПИТОТ?

Сите странски државјани кои го изучувале италијанскиот јазик имаат право да го полагаат овој испит. Не постои старосна граница или потреба од поседување на диплома за соодветно образование ниту пак е потребно да се положи понизок степен од овој испит.

Нивоата А1 и А2 означуваат основно познавање на италијанскиот јазик.

Нивото
UNO B1 гарантира способност за комуникација во секојдневни ситуации. Им користи на странците кои бараат работа во Италија каде има основна комуникација.

Нивото
DUE B2 овозможува упис на италијанските универзитети без да се полага приемен испит по италијански јазик.

Нивоата
TRE C1 и QUATTRO C2 на кандидатите можат да им донесат дополнителни поени при класификација на приемните испити на универзитетите, исто така гарантираат способност за користење на италијанскиот јазик во официјални професионални ситуации.

ПОДГОТВИТЕЛНИ КУРСЕВИ И ПОЛАГАЊЕ

Подготвителните курсеви се организираат во месец април/мај за јунската сесија и во октомври / ноември за декемвриската сесија.

За подетални информации јавете се во училиштето Аузонија, на телефон 02 3245683, или контактирајте не на емаил
info@auzonija.com.mk

 

Copyright © 2007 www.auzonija.com.mk