|
 |
|
 |
Добредојдовте |
 |
Аузонија е вистинскиот избор за сите оние што
сакаат да го
започнат
или да го продолжат учењето на италијанскиот јазик.
Нашето мото е: “Да го научиме италијанскиот јазик и да
ја доближиме италијанската култура до нашите слушатели
на комуникативен и забавен начин“.
Училиштето за италијански јазик Аузонија е основано во
1997 година, и е прво приватно училиште во Македонија
специјализирано за изучување на италијанскиот јазик.
Јазикот се изучува на комуникативен начин според
најсовремена програма, а се користат и други разновидни
аудио-визуелни средства, дидактички игри и квизови. Сето
тоа придонесува Аузонија да биде вистинско место
за изучување на италијанскиот јазик, традицијата и на
сите области од италијанската култура.
Располагаме со сопствена библиотека каде што нашите
слушатели можат да се служат со италијански наслови од
книжевноста, белетристиката, историјата, медицината и од
општата култура. Исто така покрај литературата посебен
акцент му се посветува и на италијанскиот филм. Двапати
месечно со проектирање на најразлични филмови, учениците
се запознаваат со менталиетот, навиките и обичаите на
Италијанците од минатиот период па се до нивното
современо секојдневие.
За најуспешните слушатели Аузонија доделува
стипендии
во Италија.
Од октомври
2005 г.
Аузонија е овластен центар од страна на
Универзитетот за странци од Сиена за полагање на
меѓународниот испит за познавање на италијански јазик
CILS
Аузонија
организира едукативни
екскурзии во Италија,
како и едномесечни курсеви во Фиренца преку целата
година.
Аузонија
врши судски и секаков вид стручни преводи од македонски
на италијански или англиски јазик и обратно.
|
|
|
|
 |
|
|
|